about

Mooger Fooger Skopje, Macedonia

contact / help

Contact Mooger Fooger

Streaming and
Download help

Track Name: Вселенски Отпад
Вселенски отпад

Зимска ноќ, студот коски крши без заби.
Вселенски отпад бара истовар под небеси.


А кучињата никаде ги нема да залајат
оти устите им фатиле пена, папсани
од гонење плашила.


Нечујно, паднав пред тебе на колена,
за да ја земам скрбта туѓа в прегратка.

Погоден во с’ржта на своето себељубие,
осамен во својата празна суета.

Не сум сам во...
Не сум сам против својата слободна
волја
туку скратен -
скратен во своите умислени права.

Јас сум сам во...
сосем сам со својата сирота слава,
дури скратен -
скратен во своите умислени права.


А кучињата никаде ги нема да залајат
оти устите им фатиле пена, папсани
од гонење плашила.
А кучињата никаде ги нема, ги замолкнааа со...
Track Name: Мона Лиза-Мама ЕУ
ОНА ЛИЗА МАМА ЕУ

Среде соба високо
светилка со мрак за врат се граби,
враг од досада до дно
пие празнина од ладна чаша

Изгладнет крадец в пустина
вдлабен в безмислие вратот го сокрива -
ќе ти ја украде насмевката.

Воин со око стаклено
со она другото те гледа накриво -
ќе ти ја украде насмевката.

Некогаш, понатаму
како браќа можеби
ќе се прашаме
зар ни беше подобро
кога бевме едно но не и исти?!


Сокриј ги лажните воздишки
можеби подоцна да ти се посреќи!
кој ти ја украде насмевката?

Твоите ненавидими не се од плот
за да им напакости!
Кој ти ја украде насмевката?

Добредојде на ѓубриштето
Новата Геена му е името!
Кој ти ја украде насмевката?
Track Name: Верници на огнот
ВЕРНИЦИ НА ОГНОТ

О, каква ноќ
наидува
Покрај вашиве згради
со излитени фасади.
О, чудеса, каков мирис ве мами
додека луѓето-муви кафе пијат
души вулканизираат.

О, каква ноќ
насекаде цепеници,
на булеварските ливади
огнени “верници“.

О, чудеса, огнени јазици
а в зори
луѓе во жолти одежди
ќе избришат докази.

Каде што нивниот црв не гине
и огнот не изгаснува

Страстите во ракав кријат
метефизичка жед
Гласно слават силите под небеси

Болката најсурова е учителка
како призрак во проѕирна наметка

Каде што нивниот црв не гине
и огнот не изгаснува


Утроба во глуво доба
да се прелива.
Пресен бол во тапа глава
засекогаш!
Track Name: Великиот Инквизитор
ВЕЛИКИОТ ИНКВИЗИТОР

Улици врели на Севиља
по втор пат меѓу луѓето,
ad majorem gloriam Dei
епилог на обредот.

Исцели ме за да те видам
надверен од врз бакнежи,
радосни восклици Осана!
тоа мора да си само Ти!


Tantum ergo Sacramentum
Veneremur cernui:
Et antiquum documentum
Novo cedat ritui:


Зандана во студен камен
врата се отвора со тресок длабок, морничав.
Па со светилка во рака
в лице му зјапа пресветло.
Сподоба од стотин лета
се надвила, од уста сиктат стрели отровни од гнев.
Кој си не знам нит(у) пак сакам
но утре ќе те отпеам!

Талита куми, дете стани
земјата послана со бакнежи
каде што чекори.
Осана во вишних!
Тоа мора да си само ти!


Praestet fides
supplementum
Sensuum defectui.
Track Name: Завршен ненаучен постскриптум
Завршен ненаучен постскриптум

Еве ме
Допри ја
Мојата кревка егзистенција.
Јанѕата
Венчај ја
Приковај ме за твојто лудило.
Зошто исчезнуваш ко живот што изумира
Или си мртва што во зборови оживува?
Мене ме нема не ме има таму кај што си
Дали се лажам ил се љубам само себеси.
Јас сум циник, не, не сум циник, не!
Моето лице изморено од радост.
Зошто исчезнуваш ко живот што изумира
Или си мртва што во зборови оживува?
Бог не ме спасува а ниту твојата топлина
Се распаѓам а ти си тажна ама убава.
Јас сум циник, не, не сум циник, не!
Моето лице изморено од радост.
Track Name: Дај Рај(х) !
Дај Рај(х)!
И ајде земав пак да зборам а не се викам Зоран
Но тоа што се мора тоа се мора
Ко дете во градинка ништо не му е тешко
Тука мрдање нема кога ќе те викне Сецко.
Прва строфа рецитирам не сум чирак копирам цитирам
Бирам увертира.
Следат стихови за да почне денот
А ти сфати што ќе биде чуј го првин рефренот!

И приказ на човекот што рече што чита Вечер
Секоја вечер весник пред да си се слече
А невин како саксија со цвеќе сака така а не нејќе.
И не влече ништо не го пече во зеркало е кревок
А малку лево знаме тетовирано на мевот
Развлечено ко црево да има што да гледа
Да не го гледа гревот.
И мислат да се скријат в’црна риза
За да гризат и пизмат во чизма
Признај! Иначе сè по список!
И глумат експертиза
Како знак за снобизам
Анти-комунизам како капитализам
Патриотизам како либерализам.
Нема живот има само теологизам
На вечен етатизам
Тоа куп сељачишта се палат на фашизам!

И уф! Мора да е убав ден! Оти таков е секој мој ден.
А треба да сум среќен оти имам леб да јадам
Јас тоа бладам тие куќа ми градат
Го читале Рацин па се занеле баци
Куќа цела земја во знаци дојде време за панцир!
Но денеска е убав ден
тој што вика лошо е тој шупак е.
Што сакаш бе пиле имаш секс секој ден
Прска вода навака свири Вагнер ил Шопен.
Имаме секс секој ден оти сме нација млада
Дал ме јебеш ти или место тебе ме јебе Влада?!
Тоа сакаме касти

Како модерен логор царствија земски!
Техеран или Менхетен јас го градам
Дали носи прада или Влада пушта брада:
Рајх!
Track Name: Песна Пролетна
Песна пролетна

Како да напишам стихој, зар нешто ме радува?
Но имам една мала искра, светлост ми дарува.
Низ овој облак чемер, ме тера, пак да прогледам
Ова е светот? Ова сме ние? ...во друга прилика?,

Ах, Мириса на пролет раскошна
Ах, и желба силна непоробена

Колебливост ме прати како сенка, и гласно шепоти…
А мала искра ме тера да се борам, за нови промени.
Деј гиди горо зелена!
Деј гиди водо студена!
Пилците пеат - ти плачеш,
сонцето грее - ти темнеш.

Ах, Мириса на пролет раскошна
Ах, и Желба силна непоробена
Ах, небото ми дава слобода
Ах, Безусловна е цела вселена
Ах, Мириса на пролет раскошна
Ах, и Желба силна непоробена
Ах, небото ми дава слобода
Ах, Безусловна е цела вселена!
Track Name: 2.0.1.6
2.0.1.6
Не сум твоја Не сум твоја играчка
Мислиш само како да ме победиш
Ти се предавам ко сон
јас сум твојот лесен плен
Ти ме водиш како слеп
А Јас гласам само за тебе
Дали мислиш ти си најдобар на свет
Читаш мисли или сам си веруваш
Шарени фасадите ветер во коси одиме
Ти се потпираш на нас
А Јас зборам само за тебе
Ветерот ни шепоти, бои се разлеваат
Гневни лица вџашени со очите зборуваат
Track Name: Тишина
ТИШИНА
Небото гори и не запира до крај
Ситен дождец кваси лица, огнот е во нас
Во туѓа игра влегов за нова среќа
Дали овој миг ке гради споменик
Небото гори и не запира до крај
Колку чини да си херој, а да не си сам
Давам два три збора
За една мисла да не осветли
Се губи трага
Се врти лист од нова приказна
Сини очи,
мракот збори
И тоне в ТИШИНА
Track Name: Суета
Суета
Сакаш да се случи сега , дури даваш
додека можеш да дишеш ,
кога крајот е близу
да може нов ден да го разведри

Би сакал да можев сега
да ти кажам , искрено , како треба,
од сите грешки
помудро да се извлечеме
и нема ништо на светот што може
да ме разубеди , дека
се што си мислел за себе е лага

О навистина се е суета и парата ја чекаш
о навистина во својот страв ли ќе потонам

На крајот денот ново светло ќе згаси ,
сите зомби од тераси дома ќе ги прати ,
од се што ќе видиш во стомакот ќе ти се преврти
и ако пак се лажеш би сакал само да те потсетам,
се што мислиш за себе е лага

О навистина ли е се суета и парата ја немаш о навистина во својот страв ли тонеме